| четврток, 6 декември 2018 |

Припадници на Боко Харам убиле 48 нигериски трговци со риба

боко

Припадници на екстремната исламистичка организација Боко Харам убиле 48 трговци со риба во немирната нигериска сојузна држава Борно, во близина на границата со Чад.

-Голем број борци на Боко Харам во четвртокот го блокирале патот што ги поврзува Нигерија и Чад во близина на рибарското село Дорон Бага, на брегот на езерото Чад, и убиле група од 48 трговци кои во Чад влегле да купат риба – рече денеска претседателот на рибарското трговско здружение Абубакар Гаманди.

Боко Харам во верски измешаната Нигерија се бори за воведување шеријат и во изминатиот период ја презеде одговорноста за смртта на илјадници лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top