
Шест лица се повредени, од кои две се задржани на болничко лекување во двете сообраќајни несреќи што минатата ноќ се случиле во Тетово и околината, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Во сообраќајките, кои се случиле како последица на пребрзо возење, причинета е и материјална штета во вредност од 190 илјади денари.
Во првата сообраќајка што според полициските податоци се случила околу половина час по полноќ на регионалниот пат Пирок – Тетово во близина на селото Горно Палчиште, биле повредени четири лица. Несреќата била предизвикана од пребрзото возење на автомобилот Голф со тетовски регистерски таблички од страна на возачот М.А.(28) од Тетово кој поради неприлагодената брзина на условите на патот загубил контрола на возилото, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб покрај патот. При тоа тој заедно со неговите тројца сопатници, тетовците Г.И.(38) и Н.Х.(49) и Х.Б.(21) од Голема Речица задобиле телесни повреди при што најтешко поминал сопатникот Г.И. кој имал тешки телесни повреди по главата и телото.
Четворицата биле префрлени во клиничката болница Тетово од каде по укажаната помош тројца биле пуштени на домашно лекување додека Г.И. бил задржан за лекување и понатамошно набљудување во болницата.
Полицијата извршила увид на местото од сообраќајката а материјалната штета се проценува на околу 130 илади денари.
Втората сообраќајка се случила околу 3 часот и 30 минути по полноќ, на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово. Возачот Н.С.(23) од Тетово загубил контрола на автомобилот Фиат Пунто, повторно поради пребрзо возење, по што удрил во бетонски ѕид од куќа. Тој поминал со полесни повреди. Неговата сопатничка А.П.(23) се здобила со тешки телсни повреди, скршеница на десната надлактица и други повреди и по укажаната помош во тетовската болница била пренесена на скопските клиники.
Полицијата извршила увид, а материјалната штета се проценува на околу 60 илади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двајца потешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот подигнал 72 возила


