| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 23 повредени во земјотрес во Јапонија

zemjotres11

Најмалку 23 лица се повредени во земјотрес што ја погоди централната јапонска префектура Нагано.

Според последните информации, најмногу настрадани има во селото Хакуба. Според јапонската телевизија, во ова село како резултат на подземниот удар биле урнати седум домови, а повредени биле 11 луѓе. Осум лица настрадале во градот Нагано, две во градот Омати и уште две во селото Отари.

Претходно спасувачите објавија дека од под урнатините успеале да извлечат 21 човек, меѓу кои и двегодишно дете. Околу 450 луѓе се згрижени во привремени прифатилишта.

Земјотресот со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер ја погоди префектурата Нагано во 22.08 часот. Хипоцентарот на земјотресот, кој бил почувствуван во 27 од 47 јапонски префектури, е регистриран на 10 километри длабочина. Не беше издадено предупредување за опасност од цунами, а не се пријавени ниту оштетувања на нуклеарната централа „Касивадзаки-Карива“ во префектурата Ниигата, соседна на Нагано. Сепак, сите реактори биле исклучени поради претпазливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top