| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски и воените аташеа засадија дрвца во велешкото село Папрадиште

den na drvoto06 (Custom)

Под мотото „Стоп за катастрофите“, министерот за одбрана Зоран Јолевски, претставници на АРМ и дипломатскиот кор денеска во велешкото село Папрадиште ја почнаа 14. акција Ден на дрвото – Засади ја својата иднина.
Повикувајќи ги граѓаните да излезат масовно да се приклучат во садењето дрвја министерот Јолевски нагласи дека ова е многу благородна акција во рамки на која ја засадуваме иднината и се грижиме за нашата татковина да биде убава и зелена.
– Шумите се многу значајни за иднината на Македонија. Дрвјата се тие кои ја заштитуваат Македонија од катастрофите како што се пожари, ерозија на планини и ридови. Акцијата е многу благородна и ги повикувам сите да се придружат, рече Јолевски.
Македонија, според Хрстина Николовска, шеф на кампањата „Ден на дрвото“, успешно превентивно се заштитува од катастрофите, а шумите се голема заштита од ерозија, поплави и од свлечшта.
– Стоп за катастрофите ќе значи дека сите подадени раце на граѓаните на Република Макеоднија ќе си ја засадат својата иднина, но и со досега засадените 50 милиони садници ние всушност сме се заштитувале успешно од катастрофи – рече Николовска.
На засадувањето присуствуваа и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполквник Горанчо Котески и градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски.
Во 14. акција, за која датумот дополнително ќе биде соопштен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе засади околу 4,5 милиони садници на површина од 1.107 хектари.
Акцијата „Ден на дрвото“ се реализира седма година. Почна во март 2008 година и досега се засадени околу 50 милиони дрвца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top