| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Лоба: Не сум никако поврзана со скандалот на Скопски Фестивал

Viktorija Loba 03 (Custom)

– Одговорно тврдам дека немам никаква поврзаност со скандалот на Скопски Фестивал, ниту сум разговарала со било кого на оваа тема, ниту сум знаела дека за мојата композиција некој би можел да се потруди да пушти гласови – напиша Викторија Лоба на својот профил на социјалните мрежи, откако нејзиното и името на Димитар Андоновски беа поврзани со нечесните работи кои се случуваа на последното издание на Скопскиот фестивал.

Лоба вели дека не давала никакви коментари за тоа што се пишувало на порталите, за да не навреди или накалевети некого беспотребно.

– И така беше се до вчера, кога стигнав и јас да бидам инволвирана во сите тие шпекулации. Никакви информаци не сум добила во врска со гласањето, никој воопшто не ме информирал. Единствените информации што ги добивам се од порталите кои не се проверени и се работи за една класична шпекулација од страна на одредени медиуми. Јас Викторија Лоба, Не сум ексклузивец на ничија продукција, работам самостојно. Добро што конечно е решено да се превземат некои мерки од МВР во врска со местенките на фестивалите во Македонија, но сепак мое мислење е дека треба да се потрудат да копаат подлабоко, да се навратат наназад неколку фестивали и да видат кој ги земал местата – вели Лоба.

Пејачката смета дека треба да се истражи и да се откријат сите групи кои местеле телеволтинг и жири, за народот точно да сфати како стојат работите.

– Јас не спаѓам во нив и смешно е што сега од мене и Димитар Андоновски сакаат да направат жртвени јагниња, ни криви ни должни. Смешно е да се кажува дека некој ме местел. Ако е така, тогаш зошто јас не сум ни прво ни второ, туку шесто место. Тука се крие друга вистина многу по сериозна која со тек на времето ќе се дознае. Јас не сум инспектор, ниту имам можност да истражувам за жал, и затоа не се мешам и чекам информации од надлежните. На ваков или таков начин со тек на времето се ќе излезе на виделина и виновниците за сите манипулации ќе си ги понесат казните. Мојата совест е чиста и немам болни амбиции према наградите – вели Лоба. , нити молам нити организирам да ме гласаат мене.

Таа ги замолува медиумите не го и го валкаат името со претпоставки, клевети и шпекулации.

– Во спротивно, тие ќе бидат префрлени во други институции. Жал ми е што со чисто срце и позитивна енергија решив за прв пат да прифатам учество во до сега по мое мислење најспекталуларен фестивал во Македонија, кој стана и најскандалозен патем, а моето учество успееја да го проследат со незаслужени шпекулации – вели Лоба во своето обраќање до јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top