| четврток, 6 декември 2018 |

Во Ченто почнува изградбата на црквата „Света Лидија Македонска“

Во населбата Ченто денеска ќе биде поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“.

Осветувањето на камен-темелникот, како што е најавено, ќе го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан архиепископ Охридски и Македонски со повеќе епископи и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија.

Црквата ќе се гради на површина од 303 метри квадратни, а помошните простории на површина од 320 метри квадратни. Во склопот на црквата ќе има и камбанарија и крст од 25 метри. Во црковниот двор планирано е да се изгради и фонтана.

Изградбата на црквата и помошните простории ќе биде финансирана од Македонската Православна Црква, приватни донатори и месното население.

Ова е прва црква во Скопската епархија и втора во Македонија посветена на Света Лидија Македонска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top