Синоќа на програмата во најсилната кошаркарска лига во светот НБА беа одиграни 13 натпревари.
Македонскиот кошаркар и поранешен репрезентативец Перо Антиќ со својот тим Атланта Хоукс забележа уште една победа совладувајќи го тимот на Детроит на домашен паркет со 99-89.
Атниќ одигра солидна партија постигнувајќи шест поени и шест скокови за нешто повеќе од 16 минути игра. Најефикасен на паркетот беше соиграчот на Антиќ Џеф Тиг со 28 поени.
Тој се обиде три пати од линијата за три поени, но не успеа да постигне ниту една. Со оваа победа Атланта се наоѓа на четвртото место во источната конференција зад тимовите на Торонто, Вашингтон и Чикаго.
Резутати:
Шарлот – Орландо 100-105, Филаделфија – Феникс 96-122, Атланта – Детроит 99-89, Торонто – Милвоки 124-83, Мемфис – Бостон 117-100, Минесота – Сан Антонио 92-121, Оклахома – Бруклин 92-94, Вашингтон – Кливленд 91-78, Далас – ЛА Лејкерс 140-106, Денвер – Њу Орлеанс 117-97, Голден Стејт – Јута 101-88, Портланд – Чикаго 105-87.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


