Денеска во с. Папрадиште (Велешко) министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, како и одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија ќе засадат садници по повод почетокот на активностите на есенската акција „Ден на дрвото“.
На засадувањето на 70-те садници ќе присуствуваат и претставници на локалната самоуправа во Велес и Чашка, а можност да дадат свој придонес со засадување на садници ќе имаат и претставниците на медиумите.
Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ја поддржуваат акцијата „Ден на дрвото“ уште од самиот почеток во 2008 година. Имено, припадниците на Армијата, досега беа вклучени во секоја од пролетните и есенските акции за пошумување на Република Македонија.
По засадувањето садници, предвидени се изјави за медиумите од министерот за одбрана Зоран Јолевски и претставникот на граѓанското здружение „Ден на дрвото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.