Во обвинителен акт на 697 страни, тој е познат само како Сведок Е – поранешен член на Златна зора кој станал кодош за државата. И она што тој има да го каже за неонацистичката политичка партија – за нејзината идеологија, методите за обуки и плановите за иднина – се застрашувачки.
Златна зора ангажирала касап за да ги обучи членовте ефикасно да користат нож со цел да се „неутрализираат противниците“, му рече Сведокот Е на обвинителот. Партиски членови учествувале во масовно клање на овци на повеќе фарми во околината на областа Атика, во околината на Атина и во предградијата, за да ги научат најдобрите техники за „директен напад во аорта“. Сведокот Е рече дека слушнал оти истиот касап исто така набавувал оружје за членовите на Златна зора. Други докази кој обвинителот ги собрал изгледа го потврдуваат ова тврдење. Обвинителниот акт е полн со фотографии на членови во маскирна облека кои носат ножеви, мечеви, пиштоли, пушки, а на еден случај дури и базука.
Сета оваа обука била тренинг „подготовка за смена на грчката влада“ му рекол Сведокот Е на обвинителот – што е горчлив потсетник за тоа колку малку вистински грчката јавност ги разбира операциските капацитети на Златна зора, па дури и која е целта на партијата. „Постојано ни кажуваат дека ќе влеземе во парламентот со тенкови“, рекол тој.
Извештајот на обвинителот – копијата до која стигна Форин полиси – бил подготвен пред судењата на дузина членови на Златна зора по обвиненија кои се во опсег од физичи напади и трговија со луѓе до убиства. Во предвечерјето на првото судење, закажано за средината на ноември, истрагата откри група која има поголеми и пострашни амбиции отколку што нивниот и најцинчен непријател би замислил – и покрај револуционерните цели тие имаат далеку поблиски врски со владеечата коалициија отколку што јавноста може да разбере.
Основана во средината на 80-ите, Златна зора првенствено започнала како мала група за политички дускусии – која подоцна развила изборни амбиции. Дури и откако влегле во политиката, Златна зора сепак останале мал играч во поголемиот дел од своето постоење, а на некои избори освојувале дури и помалку од еден процент од гласовите. Пробивот се случил во 2010, во пресрет на глобалната економска криза. Со стапка на невработеност во Грција која на крајот во ноември 2013 достигнала и до 28 проценти, групата предводеше бран од гневни напади врз владата и постигна голем изборен успех во 2010 кога еден од нивните кандидиати освои столче во атинскиот Градски совет. Следната година, групата продолжи да ги полни насловите во медиуите заради своите насилни напади врз емигранти и левичари, заради жестоката националистичка реторика, и на крај, со својот изборен успех. Златна зора предизвика шок низ Европа во 2012, кога освои 18 места во парламентот со скоро седум проценти освоени гласови.
Поддршката од јавноста за партијата сега опаднала на околу шест проценти – и е најниска од 2012 досега, но е се уште доволно висока за освојување на повеќе од 10 места во парламентот за група која, според обвинтелот, е помалку политичка партија отолку полнокрвна криминална организација.
Падот на Златна зора започна во септември 2013, со убиството со убоди од нож на грчкиот антифашистички музичар Павлос Фисас, од маж по име Гиоргиос Рупакиас. Рупакиас на почетокот негираше дека бил член на Златна зора, но негови фотографии и видео снимки од партиски настани брзо покажаа нешто друго. Апсењата кои следуваа беа брзи и неочекувани: сите парламентарци од Златна зора и повеќе од 60 членови на партијата се соочуваат со разни криминални обвинувања, а повеќе од 30 членови од раководството на партијата се во моментов во притвор, меѓу кои е и основачот и историскиот лидер Николаос Михалолиакос.
Полициските операции против Златна зора започнаа со истраги за убиства, но фотографии, видео снимки и телефонски разговори кои се најдоа во обвиненијата покажуваат како членови на партијата биле инволвирани во мрежи од криминални активности, од поседување на огнено оружје и експлозиви – кои се нелегални во Грција – до перење пари, водење протекционистички кругови, трговија со луѓе и се повеќе физички напади. Неколку членови се соочуваат со обвиненија поврзани со убоди со нож, вклучувајќи го и пратеникот Јоанис Лагос, за кого обвинителите велат дека ги нарачувал убиствата. Постои барем еден случај на сексуален напад во канцеларии на огранок на Златна зора во Спарта, напад кој наводно бил прикриен од локалните власти.
Лидерите на Златна зора одамна негираат каква било поврзаност со нацизмот, и покрај тоа што црпат инспирација од нацистите и нивните пројави, песни и реторика. Но видеата и фотографиите до кои дојдоа властите од запленетите лаптопи и тврди дискови кои им припаѓаат на разни партиски членови и службени лица, изгледа ги потврдуваат сите овие твррдења. Тие покажуваат како партиските лидери облечени во ес-ес униформи салутираат со нацистички поздрави. На едно видео, под знаме со кукаст крст, членови вежбаат пукање од огнено оружје под инструкции на пратеникот Илиас Касидиарис и други избрани претставници. На друго е прикажана група на активисти во паравоена униформа како маршираат, а нивните лица се покриени со моторџиски шлемови. Најмалку во еден случај, овие групи во паравоени стил наводно учествувале во напади против емигранти во 2011 година, а Касидиарис и претставникот за печат Илиас Панагиотарос од страна им даваат наредби. Но највознемирувачките докази се однесуваат на деновите пред смртта на антифашистичкиот музичар на 18 септември 2013 година, и потоа.
На 13 септември 2013, во една текстуална порака разменета помеѓу пратеникот на Златна зора, Лагос, и лидерот на локалната канцеларија на Златна зора во Никаиа, предградие на Атина, Лагос дал наредба за напад врз група левичари поврзани со синдикалци во бродоградилиште во Перама, пристаништен град западно од Атина. „Комунистите во Перама бараат ќотек“, пишува во пораката на Лагос. „Земи 30 момци и наминете“. Околу 50 партиски членови го извршиле нападот таа вечер, по кој девет луѓе завршиле во болница. Никој веднаш не бил уапсен по насилствата. Еден од нападнатите на почетокот на годинава ми потврди дека „не тепаа со стапови кои имаа клинци на врвот. Сакаа некого да убијат“.
Една недела подоцна, ланец на команди кои дошле директно до врвот на Златна зора изгледа како санкција, или барем така се мисли, довело до напад врз Фисас, музичарот. Синдикални претставници велат дека веруваат оти Златна зора неуспевајќи да ги исплашат синдикалците претходната недела, подготвиле напад за да ја зацврстат доминацијата на партијата во бродградилиштето во Перама и Никаија. Обвинителите откриле сплет од телефонски повици кои покажуваат дека партискиот лидер Михалолиакос самиот контактирал со двајцата и пред и по убиството со нож. Михалолиакос во моментов е обвинет заради припаѓање во криминална организација.
Сегашната влада водена ор премиерот Андонис Самарас, избрза да ја прослави својата улпога во спасувањето на Грција од неонацистичката закана, но во рушењето на Златна зора владата се изложи на серија од потенцијални незгодни откритија околу тоа колку се блиски врските помеѓу Нова демократија, поголемиот коалициски член во парламентот, и неонацистите.
Неколку месеци пред да биде притворен, Касидиарис – 33-годишниот конте кој е познат како „плејбојот на грчката крајна десница“, пред да биде уапсен се претсатвувал како природен наследник на Михалолиакос – во обид да уцени признат член на грчката партија Нова демократија, постариот партнер во грчката коалициска влада. Касидиарис објави видео лента на која тој разговара за детали за случајот и можниот исход со секретарот на кабинетот во Нова демократија, Такис Балтакос, неколку месеци по неговото апсење. На лентата може да се слушне како Балтакос му вели на Касидиарис дека „нема докази против тебе“ и постојано му кажува дека рацијата била политички мотивирана – дека премиерот Самарас биз загрижен дека популарноста на Златна зора била закана за неговата владеечка коалиција. Овој скандал доведе до оставка на Балтакос.
И така сега изгледа дека врската помеѓу Балтакос и Златна зора била силно потценета. Според најновите откритија од понатамошните снимања, Златна зора самата објави и телефонски разговори пресретнати од владините истражители. Балтакос бил повеќе отколку само симпатизер. Не само што јавно предлагал Нова демократија да формира коалиција со Златна зора со цел да се привлечат десничарските гласачи, туку исто бил и во контакт со пратениците од Златна зора, им и кажува како да гласаат за важни теми во парламентот, во основа изедначувајќи ги со коалициските цели.
Една серија од текстуални пораки помеѓу неименуван помошник кој служи како врска помеѓу Балтакос и Касидиарис содржат инструкции за различни гласања на теми од политики против дрогата и за воени школи. Тие исто покажуваат дека Балтакос испраќал негови „честитки“ на сметка на партиските пратеници во парламентот, меѓу кои во еден случај кога пратеник од Златна зора, за време на диксусија на седница, ги нарекол пратениците од опозоцииската партија Сириза „јарци“ и „валкани“ луѓе, пред да бидат истерани од кабинетот. Понатаму, текстуалните пораки ја покажуваат блискоста помеѓу двајцата политичари: „Такис… дојде и те чека да те види“, стои во една порака, во кое се употребува името на секретарот. Проблемот е што Балтакос не е било кој во Нова демократија. Тој беше близок до премиерот Самарас, и негов личен советник.
Нова демократија отсекогаш имала мешани чувства кон Златна зора, амбивалентност водена воглавно од ставвите на „специфичниот нуклеус“ во самата партија, рече Јанис Маврис, грчки политички аналитичар во интервју на почетокот на годинава. Луѓе како Балтакос и други блиски советнци на премиерот помалку се сметаат како криминалци, а повеќе како погрешно упатени соборци.
Двете партии се конкурентни за дел од исти гласачи, а Нова демократија ја смета Златна зора за закана на десната страна. Но за некои, како што е Балтакос, крајната десница е природно продолжување на Нова демократија, главната десноцентристичка партија во Грција. Извештаите во грчките мејснрим медиуми сега наведуваат дека Балтакос, кој сеуште е дел од јавниот живот, се обидува да основа нова „сериозна“ Златна зора, потенцијално со Илијас Касидиарис, под услов тој да се согласи, и во соработка со братот на Михалолиакос, атинскиот адвокат Такис Михалолиакос – кој, стои во истиот извештај, тивко регрутира нови членови уште од минатата година. Златна зора веќе се одбидува да престави свое ново почитувано лице за време на Европските избори 2014, каде партијата успеа да добие 9,4 проценти од гласовите. За време на овие избори, партијата ја водеа пензионирани армијски службени лица – што е во контраст со нивниот парламентарен имиџ во кој има хеви метал музичари и исфрлувачи.
Политичките последици од судењата можат да бидат далекусежни. Кога грчката економија покажува само маргинални подобрувања, и кога опозицијата повикува на предвремени избори следната година, Самарас наверојатно ќе се обиде да капитализиа од претстојното судење. Премиерот веќе е познат како човекот кој ја кутна Златна зора, ги нарекува „наци симпатизери“ во говорите од почетокот на годинава, и ја омаловажува нивната идеологија со зборовите: „крвта, жртвите и нашето сеќавање на историјата се насилно повредени од оние кои денес ги носат симболите на нацизмот“.
Нова демократија нема да се повлече, вели Димитрис Псарас, ветеран истражувачки новинар и експерт за грчката крајна десница. „Тие профитираат од она што се случува“.
Но судењата исто така се закануваат да ги изложат понатамошните врски помеѓу Нова демократија и крајната десница. Самарас досега одбваше да одговори на прашања во врска со Балтакос и со други инстанци во кои членови на неговата партија излезе дека се симпатизери на Златна зора и нејзините гласачи. (Еве, минатата недела еден советник на Самарас за весникот Катимерини изјави дека Нова демократија треба да размислува да се отвори за крајнодесничарски групи). Дека поранешниот министер за јавен ред и заштита на граѓаните, Никос Денидас, поседува 33 случаи во кои се склучени разни членови на Златна зора, но поднесе само пријави против нив откако беше присилен по убиството во септември, исто така ја стави под знак прашалник посветеноста на Самарас за збришување на десничарското крило.
Но дали судењата, кои паралелно ќе се одвиваат и ќе започнат денес со случајот за нападите и ќе продолжат во текот на јануари, ќе успеат е сосема друга работа. Псарас рече дека ако судењата тргнат лошо за обвинителството, тие лесно ќе станат бумеранг, рече тој, освојувајќи симпатии за партијата. Тој исто рече и дека судењата може да се случат во посебно политизирана клима, во врска со тоа дали треба да има предвремени избори; некои грци може ќе ги доживеат судењата помалку како средство за испорачување правда, а повеќе како игра на големата политика.
За Грција, следните неколку месеци се круцијални. Главното тело на Златна зора од активисти досега е воглавно тивко. Но се случуваат мали напади низ Атина, против активсти на ЛБГТ и левичари, некои наводнио изведени од подржувачи на Златна зора кои сеуште роварат по улиците. Дали ова насилство на ниско ниво на крајот ќе се намали или ќе исчезне – или можеби повторно ќе се распали – ќе зависи најмногу од тоа дали обвинителите ќе успеат онаму каде не успеаја политичарите: во растурањето на она што израсна во најголема неонацистичка партија во Европа.
Форин полиси – Вашингтон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција