| четврток, 6 декември 2018 |

Организирано гласање за Лоба и Димитар, победата на Даниел чиста

Skopski festival 2014 (30) (Custom)
Викторија Лоба и Димитар Андоновски се имињата за кои се гласало здружено – велат првичните неофицијални информации од МВР. Според извори од полицијата осомничените за местење и организирано гласање на Скопскиот фестивал воопшто не влијаеле на победата на Даниел Кајмакоски и неговата “Лисја есенски”. ОД запленетите 2.500 картички се гласало за Лоба и Димитар.Немало ниту влијание врз гласовите на  второпласираната Тамара.
Осомничената четворка која со измама се обидела преку своите фаворити да добие една од атрактивните парични награди, и тоа 10.000 евра за трето, 15.000 за второ и 20.000 за прво место, веднаш по завршувањето на фестивалот беше приведена на сослушување, а полицијата по упадот на двете локации каде што „ординирале“ ги најде и картичките за мобилните како доказен материјал и поткрепа на обвинението за злосторничко здружување и измама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top