| четврток, 6 декември 2018 |

Докузовски нема да се жали

Marin-DokuzovskiМарин Докузовски не се сложува со изречената суспензија против него од шест месеци, во кои нема право да се бави со кошарка во Македонија, но потврди дека нема да ја обжали одлуката на дисциплинската комисија.
„Ако некој смета дека работите ќе тргнат на подобро во македонската кошарка ако шест месеци бидам надвор од неа, тогаш нека. Јас не се чувствувам виновен и поради тоа немам намера да се жалам до Арбитражата“, меѓу другото истакна Докузовски, во соопштението испратено до медиумите.

Тренерот на Работнички е суспендиран на половина година, поради тоа што неговите играчи не сакаа да го продолжат натпреварот со МЗТ Скопје во рамките од домашниот кошаркарски шампионат, откако навивачите на неговиот тим беа отстранети од салата. Тој ја потсети јавноста на неговиот успех со репрезентацијата на Македонија, кога на европското првенство во Литванија нашата селекција го освои четвртот место.

„Знам само дека до 2011 година, кога го направивме историскиот успех во Литванија, немаше политичари во македонската кошарка. Можеби и затоа направивме таков неверојатен резултат“.

Работнички ќе биде без тренер во наредните шест месеци, но и без помошникот Марјан Србиновски, кој е суспендиран на три месеци. Останува да се види како ќе функционира тимот во овој период, иако според квалитетот Работнички е на добар пат да ја поврати титулата во „градски парк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top