| четврток, 6 декември 2018 |

Соколарот Огнен Поленак ќе го развиори македонското знаме во Абу Даби

Во Обе­ди­не­ти­те Арап­ски Еми­ра­ти ра­бо­тев кај еден ше­ик на фар­ма за ве­штач­ко осе­ме­ну­ва­ње и разм­но­жу­ва­ње со­ко­ли. Учам и ги спо­ју­вам уба­ви­те ме­то­ди од це­ли­от свет, рас­ка­жу­ва Ог­нен

Ве­шти­на­та за ло­ве­ње со граб­ли­ви пти­ци да­ти­ра од пред не­кол­ку ми­ле­ни­у­ми. На те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја со­ко­ларс­тво­то се сре­ќа­ва уште од нај­да­леч­но­то ми­на­то ко­га ло­вот со пти­ци-граб­ли­вки бил ари­сто­крат­ска за­ба­ва, а тре­ни­ра­ни­те со­ко­ли би­ле це­не­ти ка­ко ска­по­цен по­да­рок од зна­чи­тел­на вред­ност и че­сто се ко­ри­сте­ле во дип­ло­мат­ски це­ли. УНЕ­СКО го прог­ла­си 16 но­ем­ври за Свет­ски ден на со­ко­ларс­тво­то би­деј­ќи од не­о­дам­на ве­шти­на­та е за­шти­те­на од УНЕ­СКО ка­ко не­ма­те­ри­јал­но ду­хов­но бо­гат­ство. По тој по­вод раз­го­ва­рав­ме со Ог­нен По­ле­нак, кој е ос­но­вач на со­ко­лар­ско­то друш­тво „Ја­рак“, чи­ја цел е да ги за­шти­ти пти­ци­те граб­ли­вки во при­ро­да­та, да ги за­шти­ти нив­ни­те гнез­да, при­хра­на на пти­ци­те-граб­ли­вки, да спро­ве­де над­зор, а ус­пе­ал да ја зач­ле­ни Ма­ке­до­ни­ја под устав­но­то име во Ин­тер­на­ци­о­нал­на­та асо­ци­ја­ци­ја за со­ко­ларс­тво (ИАФ).

Тој се­га се под­го­тву­ва за со­ко­лар­ски­от фе­сти­вал во Абу Да­би, кој ќе се одр­жи на 5 де­кем­ври во Обе­ди­не­ти­те Арап­ски Еми­ра­ти. На тој фе­сти­вал ќе учес­тву­ва­ат прет­став­ни­ци од це­ли­от свет, кои ќе пре­сто­ју­ва­ат че­ти­ри де­на во пу­сти­на, во ко­ја ќе до­па­ту­ва­ат со џи­по­ви и на ка­ми­ли за да ужи­ва­ат во тра­ди­ци­о­нал­но­то со­ко­ларс­тво. Та­му Ог­нен По­ле­нак ќе го раз­ви­о­ри ма­ке­дон­ско­то зна­ме по трет пат.

Reportaza115-sokol-5

За сво­ја­та љу­бов кон со­ко­ларс­тво­то и ка­ко во­оп­што до­шол до кон­такт со овој вид пти­ци, Ог­нен ве­ли:

– Љу­бо­вта кон при­ро­да­та и жи­вот­ни­те, осо­бе­но пти­ци­те и ри­би­те, е дел од мо­јот жи­вот, мо­е­то шко­лу­ва­ње, стру­ка, дол­го­го­диш­на па­си­ја, хо­би, а се­га и про­фе­си­ја. Од нај­ра­на во­зраст про­ја­ву­вав по­се­бен ин­те­рес во би­о­ло­ги­ја­та. Во­оп­што, пти­ци­те од се­ко­гаш сум ги са­кал, че­сто сум ги гле­дал граб­ли­вки­те во при­ро­да­та, но ни­ко­гаш ни­ту сум ви­дел ни­ту сум мо­жел не­ко­го да пра­шам за нив. Пр­ва­та кни­га за со­ко­ларс­тво ус­пе­ав да ја нај­дам во 1994 го­ди­на, во учи­лиш­на биб­ли­о­те­ка во сред­но учи­ли­ште во САД, др­жа­ва Оре­гон. Тоа бе­ше пр­ви­от мој кон­такт со не­што што по­доц­на ќе ста­не се­ри­о­зен дел од мо­јот жи­вот. По кра­тка па­у­за од мо­ја­­та пр­ва сред­ба со со­ко­ларс­тво­то, кое до то­гаш бе­ше са­мо пу­ста жел­ба и не­што за што ре­ал­но не мо­же­ше мно­гу да се на­у­чи са­мо од кни­ги­те, ус­пе­вам да за­поз­на­ам ед­но со­ко­лар­ско се­мејс­тво од Рим, Ита­ли­ја. Та­му на го­сти кај Ги­јан­кар­ло и Па­о­ла Пи­ро­та во 1999 го­ди­на прв­пат ви­дов што зна­чи да си со­ко­лар, ка­ко се чу­ва­ат пти­ци­те и мно­гу дру­ги ра­бо­ти. Од то­гаш до де­нес ин­тен­зи­те­тот со кој ра­бо­там на со­ко­ларс­тво­то е по­дед­на­ков. Срет­нав мно­гу пре­крас­ни лу­ѓе од це­ли­от свет и за­поз­нав мно­гу при­ја­те­ли со кои го спо­де­лу­ва­ме овој наш на­чин на жи­вот – ни рас­ка­жа Ог­нен.

Reportaza115-sokol-2

По­сто­јат по­ве­ќе граб­ли­ви пти­ци. Ог­нен одг­ле­ду­ва одре­де­ни со­ко­ли.

– Јас одг­ле­ду­вам си­ви со­ко­ли – Falco peregrines. Си­ви­от со­кол е нај­бр­зи­от жи­тел на на­ша­та пла­не­та, раз­ви­ва бр­зи­ни над 340 ки­ло­ме­три на час, при вер­ти­ка­лен пад од не­бо­то. Не­го­ва хра­на се пти­ци со го­ле­ми­на од ско­ло­вра­нец до ди­ва па­тка или фа­зан. Маж­ја­ци­те се по­ма­леч­ки од жен­ки­те ка­ко и кај оста­на­ти­те пти­ци-граб­ли­вки – ве­ли тој.

Гле­да­но од стра­на, изг­ле­да те­шко да се одг­ле­ду­ва овој вид пти­ца кај нас. Нај­ве­ро­јат­но, ба­ра не­ка­кви по­себ­ни ус­ло­ви, а по­треб­ни се и со­од­вет­ни ала­ти…

– Одг­ле­ду­ва­ње­то на оваа пти­ца е по­дед­на­кво те­шко ка­де и да се на­о­ѓа­те, не са­мо кај нас. Во прин­цип, ова не е пти­ца ко­ја мо­же да се чу­ва ка­ко ми­ле­ник. За­тоа и нај­че­сто мал­ку­те­ми­на што ги одг­ле­ду­ва­ат се со­ко­ла­ри. Имај­ќи пред­вид де­ка са­ка­ме по­сто­ја­но да ле­та, ос­но­вен тро­шок е транс­пор­тот до со­од­вет­но ме­сто со со­од­ве­тен ди­веч за граб­ли­вка­та, ка­де што тре­ба да ле­та и да ло­ви. Тоа по­драз­би­ра нај­мал­ку 3-4 па­ти не­дел­но, во про­сек по три ча­са днев­но. Со­ко­ла­рот се гри­жи за сво­ја­та пти­ца 365 де­на во го­ди­на­та, за раз­ли­ка од лов­ци­те кои на кра­јот од лов­на­та се­зо­на мо­жат да ги по­ло­жат сво­и­те пу­шки до след­на­та се­зо­на. Со­ко­ли­те се хра­нат со ме­со што по­драз­би­ра де­ка ќе тре­ба да има­те ре­до­вен из­вор на здра­ва и со­од­вет­на хра­на (пре­пе­ли­ци, гу­ла­би, пи­ли­ња, ста­ор­ци, ско­ло­вран­ци). Со­ко­ларс­тво­то, во­ед­но, е ре­чи­си не­воз­мож­но без до­бро ло­веч­ко ку­че, што зна­чи ќе тре­ба и пес. По­треб­ни се поз­на­ва­ња за би­о­ло­ги­ја­та на пти­ца­та ко­ја ја чу­ва­те, неј­зи­ни­те по­тре­би и на­ви­ки, тре­ба да зна­е­те да ги чи­та­те сиг­на­ли­те кои ви ги да­ва пти­ца­та, ле­карс­тва кои би мо­же­ле да по­мог­нат во да­де­ни си­ту­а­ции. По­треб­но е огром­но тр­пе­ние и не се­кој мо­же да се за­ни­ма­ва со со­ко­ларс­тво. По­треб­ни се огром­ни одре­ку­ва­ња за да се по­стиг­нат ус­пе­си во оваа умет­ност во ло­вот. Во пер­и­о­дот на ми­та­ре­ње­то, пти­ци­те се ос­ло­бо­ду­ва­ат во го­ле­ми пти­чар­ни­ци, ка­де што од­мо­ра­ат пре­ку ле­то­то и ги ме­ну­ва­ат пер­ду­ви­те, во оче­ку­ва­ње на след­на­та се­зо­на. Сам ги разм­но­жу­вам со­ко­ли­те уште од 2009 го­ди­на. А, пр­ви­те со­ко­ли се уве­зе­ни во 2006 го­ди­на ка­ко по­да­рок од Ав­стри­ска­та со­ко­лар­ска асо­ци­ја­ци­ја. Де­лум­но се учи ка­ко се изра­бо­ту­ва со­ко­лар­ска­та опре­ма при ста­жи­ра­ње, оние де­ло­ви од опре­ма­та што се не­из­ме­не­ти око­лу 4000 го­ди­ни се со­ко­лар­ска­та ка­па, ра­ка­ви­ца, ка­и­ши, ѕвон­че и мам­ка. Оние тех­но­ло­шки на­пред­ни уре­ди, ка­ко ра­ди­о­транс­ми­те­ри или ГПС ло­ка­то­ри за про­на­о­ѓа­ње за­гу­бе­ни пти­ци, ги на­ба­ву­ва­ме од странс­тво – ни об­јас­ни Ог­нен.

Reportaza115-sokol-3

За да се тре­ни­ра со­кол, тре­ба обу­ка и тр­пе­ли­вост…

– Па­ту­вав по све­тот за да на­у­чам. Со­ко­ла­рев во Ари­зо­на и во Ко­ло­ра­до, Аме­ри­ка, во Пор­ту­га­ли­ја, Ита­ли­ја, во пу­сти­ни­те на Ду­баи. Во Обе­ди­не­ти­те Арап­ски Еми­ра­ти ра­бо­тев кај еден ше­ик на фар­ма за ве­штач­ко осе­ме­ну­ва­ње и разм­но­жу­ва­ње со­ко­ли. Учам и ги спо­ју­вам уба­ви­те ме­то­ди од це­ли­от свет, ка­де и да на­ле­там на нив, сѐ уште учам. За ме­не е не­пре­су­шен из­вор на инс­пи­ра­ци­ја и пре­диз­вик. По­не­ко­гаш и за­гу­би за­тоа што ко­га ре­дов­но ле­та­те не­кој со­кол, се­кое не­го­во ос­ло­бо­ду­ва­ње е ри­зик да го за­гу­би­те. Тие што ни­ко­гаш не ги ле­та­ат сво­и­те пти­ци, не­ма­ат ри­зик од нив­но гу­бе­ње, но тоа ве­ќе не е со­ко­ларс­тво.

На­ју­ба­ви­от мо­мент е ко­га ќе ви­ди­те ка­ко со­ко­лот гра­би кон ви­со­чи­ни­те на не­бо­то ка­ко да вла­дее со не­го. Да­ли ќе би­де ус­пе­шен во ло­вот е по­мал­ку бит­но. Та­кви сме ние со­ко­ла­ри­те, са­ка­ме да ужи­ва­ме во дол­ги про­ше­тки со сво­и­те ку­чи­ња и убав лет на сво­и­те со­ко­ли. Не­ка­ква ре­ин­кар­на­ци­ја, не­ка­кво по­себ­но чув­ство на сло­бо­да, а се­пак мно­гу се­ри­оз­ни мо­мен­ти на оп­ста­нок се слу­чу­ва­ат пред ва­ши­те очи – рас­ка­жу­ва Ог­нен.

Reportaza115-sokol-6

Би­деј­ќи ста­ну­ва збор за граб­ли­вка, го пра­шав­ме да­ли има­ло слу­чаи да го на­пад­не не­ко­гаш и да­ли во­оп­што по­сто­јат та­кви при­ме­ри?

– Пра­ша­ње­то е ло­гич­но, но тоа што тие ја гра­ба­ат сво­ја­та хра­на за да пре­жи­ве­ат не зна­чи де­ка би нѐ гра­ба­ле нас, лу­ѓе­то. Се раз­би­ра, во знак на од­бра­на мо­же да би­дат мно­гу опас­ни. Но, за­тоа не се­кој тре­ба да се оби­де да ги фа­ќа. Има слу­чаи во кои чо­век е по­вре­ден од граб­ли­вка, но са­кам да на­по­ме­нам де­ка тоа е са­мо по­ра­ди нез­на­е­ње­то на чо­ве­кот ка­ко се ра­бо­ти со граб­ли­вка. Во та­кви си­ту­а­ции нај­че­сто сме ви­нов­ни ние, лу­ѓе­то. Но, кој знае да ја про­це­ни си­ту­а­ци­ја­та, а не­кој друг ќе ја об­ви­ни граб­ли­вка­та и се­та од­го­вор­ност ќе ја сим­не од се­бе – ве­ли Ог­нен.

Reportaza115-sokol-7

 

(Пишува: Невена Поповска | Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 115. број на неделникот „Република“, 14.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top