| четврток, 6 декември 2018 |

„Грин аут“ со концертна промоција на албум во МКЦ

На 27 ноември, четврток, хип хоп составот „Грин аут“ ќе одржи голема концертна промоција на нивниот неодамна издаден албум „Рапаноја“. Концертот ќе се одржи во денсинг-салата на МКЦ со почеток од 21.30 часот, а специјален гостин на вечерта е диџеј Гоце Саф.

„Грин аут“ е едно од најкултните имиња во модерната македонска хипхоп-сцена, и ова трио го сочинуваат: Антонио Арангеловиќ (Tonyo SAN), Владимир Пешков (LD Pistolero) и Ненад Стефаноски (Foolish Green).

Досега имаат два албума „Некои скопски бандити“ (2009), „Рапаноја“ (2014), и голем број солистички проекти како и членувања и соработки со бројни музички имиња: Легијата, Против Сите, STR2 како и во алтернативниот состав „Фулиш грин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top