На 27 ноември, четврток, хип хоп составот „Грин аут“ ќе одржи голема концертна промоција на нивниот неодамна издаден албум „Рапаноја“. Концертот ќе се одржи во денсинг-салата на МКЦ со почеток од 21.30 часот, а специјален гостин на вечерта е диџеј Гоце Саф.
„Грин аут“ е едно од најкултните имиња во модерната македонска хипхоп-сцена, и ова трио го сочинуваат: Антонио Арангеловиќ (Tonyo SAN), Владимир Пешков (LD Pistolero) и Ненад Стефаноски (Foolish Green).
Досега имаат два албума „Некои скопски бандити“ (2009), „Рапаноја“ (2014), и голем број солистички проекти како и членувања и соработки со бројни музички имиња: Легијата, Против Сите, STR2 како и во алтернативниот состав „Фулиш грин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.