Пожарникарите од Противпожарната бригада Скопје со натчовечки напори попладнево успеаја да спречат голема трагедија во зградата број 26 во скопски Чаир откако избувна голем пожар, кој зароби едно семејство на деветтиот кат.
Пожарот, според првичните информации, избувнал во помошните скали на петтиот кат од висококатницата и се ширел нагоре кон деветтиот кат. По пријавата во противпожарната бригада, на самото место излегле 54 пожарникари со 15 противпожарни возила, кои, освен со пожарот, морале да се борат и со отежнатиот пристап до противпожарните скали, кои биле окупирани од станарите.
Пожарникарите успеале да спречат проширување на огнените јазици во становите, но најголемиот предизвик било спасувањето на шестчленото семејство, кое било заробено на деветтиот кат и кое немало никакви можности да се евакуира навреме. За среќа, на крајот, со помош на пожарникарите и на полицијата сите успеале да се спасат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.