Претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам на вчерашниот митинг на владејачката коалиција во Скопје се пофали спречил опозициската коалиција да поднесе фалсификувана листа за советници во општината Шуто Оризари и покрај притисоците од претседателот на ДИК Борис Кондарко. Бајрам рече дека по голот со пета што му го дал на Црвенковски, сега му забил уште еден, овој пат со глава.
– Морам да ви кажам што се случи синоќа од 12, па се до денеска до 15 часот, граѓани на Македонија, во Шутка, општина Шуто Оризари. Коалициониот партнер на Бранко Црвенковски, Самка, поднесоа советничка листа во Шуто Оризари. Дали е свесен Бранко дека Амди Бајрам 22 години ја води политиката во Р. Македонија. Он мислеше дека со неговите прљави игри ќе пушти листа, но му ја фатив лагата, му го фатив фалсификатот на предавање документи. Бранко, од вчера до денеска, место со пета, доби од мене со глава гол. Му ја отфрлија листата. Синоќа три саата, од 2 до 5 не сум спиел. Претседателот на комисијата се јавуваше три пати во Шутка и вршеше туртура да ја примат листата. Но, им се заблагодарувам, на претседателот и на цела комисија во Шуто Оризари, што постапија по законот и не можеше да ги убеди Кондарко. Не може више со фалсификат во оваа држава, порача синоќа Амди Бајрам од плоштадот Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.