| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да ви се верува колку години имаат овие жени (фото)

Благодарение на спорт, добра исхрана и грижа за себе, овие неколку дами изгледаат со децении помлади отколку што реално се.

Погледнете ги:

Ернестин Шепард – 77 години 

Ернестин Шепард

Ернестин Шепард

Таа е доказ дека никогаш не е доцна да почнеш да се грижиш за себе. До средината на 50-тите години не спортувала редовно, била заоблена и не ѝ се допаѓало тоа што го гледа во огледалото. Еден ден, откако во продавница пробувала костим за капење, цврсто решила да ослабне. Почнала да тренира во 1992 година. Од тогаш, па до ден-денес Ернестин освоила два натпревара по бодибилдинг и истрчала 9 маратона.

Нејзиниот дневен режим изгледа вака: станува во 2.30 наутро и ја чита Библијата. Потоа почнува со вежбање, многу трча и не зема никакви адитиви. На ден консумира по 1 700 калории. Во 2010 година таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстарата натпреварувачка во бодибилдинг во светот.

Ел Макфесрон – 50 години

Ел Макферсон

Ел Макферсон

Мекферсон беше супермодел во 90-тите години,  а нејзиниот прекар беше Телото. Оваа година таа ја објави оваа слика со која предизивика многу дискусии бидејќи веќе има 50 години.

Џенифер Лопез – 45 години 

j3(20)

Џенифер Лопез

Џеј Ло изгледа така како што изгледаше и пред 15 години. Таа вели дека јаде речиси целосно вегетаријанска храна и тренира по 90 минути на ден со личен тренер.

Марта Стјуарт – 73 години 

Марта Стјуард

Марта Стјуард

Стјуарт признава дека користи ботокс, но, исто така, вели дека има строг режим. Секое утро пие сок ​​од еден лимон и користи посебна козметика.

Џејн Фонда – 76 години

Џејн Фонда

Џејн Фонда

Мајсторката на аеробикот вели дека тајната на убавината на една жена е да биде среќна.

Хали Бери – 48 години

Хали Бери

Хали Бери

Бери вели дека е опседната единствено со козметиката и грижата за својата кожа. Таа користи маски и хидратирање на кожата од 14-годишна возраст. Таа е дијабетичар и не јаде никаков шеќер.

Кристи Бринкли – 60 години 

Кристи Бринкли

Кристи Бринкли

Поранешниот модел го прослави 60. роденден со насловна страница за списанието „Пипл“ во костим за капење. Таа е мајка на три деца и вели дека тие ѝ даваат сила и енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top