| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка ѝ ја спаси од муџахедините, но холандските власти ја уапсија

мајка

Холандската тинејџерка, позната само како Ајша (19), чијашто мајка помагаше таа да се врати од Сирија каде што во февруари годинава замина за да им се приклучи на муџахедините, е обвинета од холандските власти за загрозување на државната безбедност.

Младата Ајша беше уапсена веднаш кога се врати во својот дом во холандскиот град Мастрихт.

Претходно, таа премина во исламската вера и го смени името, а пред два месеца преку Турција замина за Сирија, во градот Рака, што важи за силно упориште на муџахедините на групата Исламска држава (ИД). Таму, Холaнѓанката Ајша требаше да се бори, да им помага на муџахедините, но и да се омажи со еден од пропадниците на оваа милитантна група на сунитските муслимани.

Според холандските медиуми, нејзин сопруг требало да биде холандскиот Турчин, Омар Јилмаз, кој изјавил дека Ајша претходно требало да се омажи за еден друг муџахедин, кој во меѓувреме бил убиен.

Јилмаз, кој е холандски државјанин, претходно бил војник на армијата на Холандија и важи за добро обучен професионалец.

Мајката на Ајша, патуваше во Турција и од турско-сириската граница почна операција за да ја врати својата ќерка во Холандија и покрај несогласувањето на владата во Хаг. Засега не се знае, дали мајката на Ајша влегла на сириската територија или, пак, ќерката успеала да ја извлече од муџахедините, останувајќи на територијата на Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top