| четврток, 6 декември 2018 |

Шер по вторпат годинава одложи турнеја

sher-otmeni-vtoro-turne-za-2014-g--269366

Пејачката Шер ја откажала својата турнеја „Dressed to Kill“. Причината за одложувањето на концертите се здравствени проблеми.

68-годишната Шер, од март до јули 2014 година, 49 пати се појавила на сцена.

Во септември таа требаше да ја повтори турнејата, но беше спречена поради бубрежна инфекција. Сега лекарите се категорични дека пејачката има потреба од одмор, бидејќи сѐ уште не е закрепната од инфекцијата.

Самата Шер преку соопштение ги кажала плановите да се врати на концертите во 2015 година.

– Многу сум разочарана досега не ми се случило вакво нешто. Сакам да им се извинам на моите фанови кои купиле билети за концертите – пишува пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top