| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан Стојановски и Бо Мекејлеб декласирани во Евролигата

Македонските кошаркарски интернационалци Војдан Стојановски и Лестер Бо Мекејлеб беа декласирани со своите тимови во вчерашните натпревари од Евролигата.

CSKA Moscow vs ALBA Berlin

Стојановски со својот тим Алба Берлин доживеа тежок пораз во Москва против домашната екипа на ЦСКА. Иако домаќините играа само со десет играчи и без првата ѕвезда Милош Теодосиќ, тоа не им претставуваше проблем да слават со убедливи 95-66. Сите десет играчи во ЦСКА што настапија на овој натревар се запишаа во листата на стрелци, а нив ги преводеше францускиот репрезентативец Нандо Де Коло со 22 поени.
Војдан Стојановски за нешто повеќе од 16 минути поминати на паркетот запиша скромни два поена и две асистенции.

Bayern Munich vs FC Barcelona

Дебито на Бо Мекејлеб во тимот на Баерн Минхен беше катастрофално. Поранешниот македонски репрезентативец во историската генерација која го освои четвртото место на европското првенство во Литванија во својот прв натпревар за новиот клуб Баерн Минхен постигна само четири поена и пет асистенции со катастрофален шут од поле (2-8) за 18,5 минути игра во поразот од каталонскиот гигант Барселона на домашен терен од 77-99.
Тренерот на Баварците Светислав Пешиќ му укажа доверба по само неколку дена откако Бо потпиша едномесечен договор.
Хуан Карлос Наваро, Марселињо Уертас и Боштијан Нахбар комбинираа 45 поени сите по 15 коша зад своите имиња.

Останати резултати од шестото коло:

Уникс Казан – Анадолу Ефес 67-64, Нептунас – Лаборал Куча 80-79, Олимпијакос Валенсија 77-76, Лимож – Макаби 73-79, Туров – Панатенаикос 69-79, Армани Милано – Фенребахче 74-80.

Денеска се играат останатите четири натпревари од шестото коло, а се среќаваат:

Жалгирис – Реал Мадрид, Галатасарај – Црвена Звезда, Сасари – Нижни Новгород, Уникаха – Цедевита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top