| четврток, 6 декември 2018 |

Силувачот Чед Еванс непожелен на Брамал лејн во Шефилд

Поранешниот велшки репрезентативец Чед Еванс доби забрана за тренирање во Шефилд јунајтед на познатиот стадион „Брамал лејн“, поради пресудата со која 25-годишниот играч беше во затвор околу 30 месеци.

Еванс беше осуден на 5 години поради силување на 19-годишна девојка во хотел во велшкиот град Рил. Тој одлежа половина од казната и се подготвуваше за враќање во редовите на Шефилд јунајтед, но под притисок на јавноста и пред се на спонзорите, клубот одлучи да не го прифати Еванс.

ced

Навивачите на Шефилд јунајтед посакуваа Еванс повторно да игра за нивниот клуб откако постигна 48 погодоци на 113 натпревари пред да биде осуден, но се спротивстави останатиот дел од заедницата. Со петиција на која се потпишаа 165 илјади луѓе беше побарано на осудениот силувач да не му биде дозволено ниту да тренира на „Брамал лејн“.

Се заканија и поголемиот дел од спонзорите дека нема да даваат пари, ако Еванс повторно го облече црвено-белиот дрес, па клубот донесе одлука да не го прими назад велшкиот репрезентативец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top