Поранешниот велшки репрезентативец Чед Еванс доби забрана за тренирање во Шефилд јунајтед на познатиот стадион „Брамал лејн“, поради пресудата со која 25-годишниот играч беше во затвор околу 30 месеци.
Еванс беше осуден на 5 години поради силување на 19-годишна девојка во хотел во велшкиот град Рил. Тој одлежа половина од казната и се подготвуваше за враќање во редовите на Шефилд јунајтед, но под притисок на јавноста и пред се на спонзорите, клубот одлучи да не го прифати Еванс.
Навивачите на Шефилд јунајтед посакуваа Еванс повторно да игра за нивниот клуб откако постигна 48 погодоци на 113 натпревари пред да биде осуден, но се спротивстави останатиот дел од заедницата. Со петиција на која се потпишаа 165 илјади луѓе беше побарано на осудениот силувач да не му биде дозволено ниту да тренира на „Брамал лејн“.
Се заканија и поголемиот дел од спонзорите дека нема да даваат пари, ако Еванс повторно го облече црвено-белиот дрес, па клубот донесе одлука да не го прими назад велшкиот репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст