Двајца албански државјани, кои патувале со туристички автобус на релација Истанбул -Тирана, биле уапсени со 20 килограми хероин на граничниот премин „Кристалопаги“ на грчко-албанската граница.
Дрогата била скриена во системот за климатизирање на автобусот.
Се претпоставува дека уапсените Албанци се дел од канал за шверц на хероин од Турција преку Грција и Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.