Повторно инцидент поврзан со безбедноста на Белата куќа, агенти на „сикрет сервис“ во близина на резиденцијата на американскиот претседател упасиле жена со пиштол. Осомничената е забележана до северната ограда на Белата куќа, за чијашто безбедност е одговорен „сикрет сервис“. Пиштолот бил во футрола, која била на нејзиниот грб. Утврдено е дека жената е жителка на државата Мичиген. Таа е уапсена и е испрашувана.
Неодамна, при обид да влезе во Белата куќа, беше уапсен маж од Ајова. Во багажникот на неговиот автомобил, на неколку блока од Белата куќа беше најдена ловечка пушка, 40 куршуми и нож.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.