Денеска е Свети Архангел Михаил. Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови.
Наречен е Собор на свети архангел Михаил, затоа што архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите серафими, многуоките херувими, богоносните престоли, потоа господствата, силите, властите, начелата, архангелите и ангелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.