Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 ноември.
Денеска е Собор на св. Архангел Михаил.
Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.
Собор на Свети Арханѓел Михаил
Празник на војводата на сите ангели
Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.
Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денешниот светец Архангел Михаил доколку застане кај нозете не е добро, а ако застане…
-
Доаѓа голем и тежок празник на заштитникот на болните, едно нешто не треба да направите
-
Груевски го посети манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Прилеп
-
На овој ден болните ќе оздрават: Утре е Св. архангел Михаил