Шведскиот апелационен суд не ја укина наредбата за апсење на Џулијан Асанж , пренесува „Би-Би-Си“.
Судиите решиле да остане во сила наредбата за апсење на основачот на сајтот, кој објави строго доверливи документи на американскиот Стејт департмент „Викиликс“.
Шведските власти го обвинуваат Австралиецот за сексуално малтретирање на две жени од северноевропското кралство.
Асанж се крие во еквадорската амбасада во Лондон. Тој смета дека ако биде предаден на Стокхолм, може да биде екстрадиран во САД. Во Америка на Австралиецот му се заканува смртна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.