Првиот тренер на КК Работнички и поранешен селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија со кого го освои историското четврто место на европското првенство во Литванија, Марин Докузовски е суспендиран од дисциплинската комисија на КФМ на шест месеци.
По разгледувањето на официјалните записници и видео снимки комисијата одлучи и останатите двајца инволвирани во инцидентот на дерби дуелот меѓу Работнички и МЗТ во кој тимот од градски парк не го продолжи натпреварот помошниот тренер Марјан Србиновски и претседателот на клубот Горан Геровски да добија дополнителна казна.
Најлесно помина Србиновски кој треба да „паузира“ три месеци, а Геровски е остранет од кошарката на една година.
Сите казнети имаат право на жалба во рок од осум дена од денешната одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.