Најизведуваниот хрватски пејач и еден од најпопуларните изведувачи во регионот, Тони Цетински го претставува својот нов сингл насловен „Крик“. Оваа песна раскажува за еден силен и горделив маж кој поради своите грешки ја изгубил вистинската љубов и на што се е подготвен истиот овој маж за да ја вратии „онаа“ која што вистински му верувала. Крик е посилна и поболна од која било солза, па дури и од машката.
Паралелно со овој нов синг е претставено и видеото коешто е снимено на театарска сцена, а во кое главните улоги ги имаат членовите на бендот на Цетински: Ален Светопетриќ, Ален Спада, Динко Јанковиќ, Џорџија Палиќ, Марко Лазариќ и Марко Војводиќ.
– Бендот е моето второ семејство, па одлучив да им ги претставам на моите фанови, на мојата публика – изјави Цетински. Авторка на музиката и на текстот е Александра Милутиновиќ и освен оваа на новиот албум на Цетински ќе се појават вкупно четири нејзини песни. Пред регионалната премиера на Крик, авторката вели:
– Драго ми е што Тони ми верува и што ја продолжуваме успешната соработка која започна со неговиот албум „Опет си победила“. Инспирација за моите песни секогаш наоѓам во љубовта. Без оглед на тоа дали ми се случила на мене или на некој од моите пријатели, љубовта е неисцрпна тема за стихови. Не се сомневам дека со вокалот на Тони оваа песна ќе звучи сјајно и ќе ја носи публиката низ неговите концерти во регионот – изјави Александра Милутиновиќ.
Инаку како режисери на спотот се потпишуваат Тони и неговата тазе сопруга Дубравка. „Крик“ ќе се најде и на репертоарот на скопскиот концерт на Цетински закажан за 28 ноември во спортскиот центар Борис Трајковски.
Влезниците можете да ги најдете на стандардните продажни места по цена од: партер стоење – 500 денари, трибина – 600 денари, фан пит – 700 денари и ВИП – 1200.
Специјален гостин на концертот на Тони Цетински во Скопје е српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња
-
Нови детали од трагедијата на Тони Цетински: Знам јас добро што се случи!
-
Тони Цетински се огласи по сообраќајката: Скршен сум. Воопшто не одам во Ровињ, ниту во Истра и не сум добро!
-
Ми беше тешко, целиот живот ми мина низ глава – Тони Цетински проговори за трагедијата



