Научниците откриле дека сексуалната желба и на двата пола го достигнува врвот во 8.00. и во 20.00 часот.
Значи, слодно имајте сексуален однос двапати на ден и тој нека трае толку долго колку што сакате. Но, реалноста не е таква.
Многу ли е или помалку?
Всушност, темперамент одредува со кого, како и колку често ќе имаме секс. Секако, нема ништо лошо ако не сме хиперактивни љубовници, затоа што искрата на љубовта не се мери со времетраењето и зачестеноста на сексуалниот чин. Интересен е фактот дека, според истражувањата, два-трипати неделно е оптималниот број сексуални акти.
Колку може и колку е потребно?
Телевизијата, медиумите, киното ја наметнуваат идеата дека брзиот секс е лош. Всушност, стручњаците велат дека пет минути сексуален однос е човечката норма. Во природата, процесот на размножување е краткотраен.
Женски и машки поглед на работите
Мажите се заинтересирани за времетраењето на сексуалниот чин многу повеќе отколку жените. Тие се загрижени ако сексот не е доволно долго, иако истражувањата покажуваат дека просечната жена нема потреба од еден час сексуални задоволства, нејзе и се доволни 10 минути.
Назад кон статистиката
Ако погледнеме во статистиката, бројките покажуваат дека само 19 проценти од двојките имаат хиперактивен сексуален живот и се интимни барем трипати неделно.
35 проценти од двојките имаат секс еднаш-двапати неделно.
25 проценти од двојките се чувствуваат одлично и се сакаат еден со друг, а имаат секс два-три пати месечно.
21 процент од испитаниците имаат секс помалку од еднаш месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




