| четврток, 6 декември 2018 |

Колку често е „нормално“ да имаме секс

couple-bed-2

Научниците откриле дека сексуалната желба и на двата пола го достигнува врвот во 8.00. и во 20.00 часот.

Значи, слодно имајте сексуален однос  двапати на ден и тој нека трае толку долго колку што сакате. Но, реалноста не е таква.

1-bojata-na-sobata-vlijae-kolku-chesto-imate-seks-wwwkafepauza.mk_

Многу ли е или помалку?

Всушност, темперамент одредува со кого, како и колку често ќе имаме секс. Секако, нема ништо лошо ако не сме хиперактивни љубовници, затоа што искрата на љубовта не се мери со времетраењето и зачестеноста на сексуалниот чин. Интересен е фактот дека, според истражувањата, два-трипати неделно е оптималниот број сексуални акти.

Колку може и колку е потребно?

Телевизијата, медиумите, киното ја наметнуваат идеата дека брзиот секс е лош. Всушност, стручњаците велат дека пет минути сексуален однос е човечката норма. Во природата, процесот на размножување е краткотраен.

Женски и машки поглед на работите

Мажите се заинтересирани за времетраењето на сексуалниот чин многу повеќе отколку жените. Тие се загрижени ако сексот не е доволно долго, иако истражувањата покажуваат дека просечната жена нема потреба од еден час сексуални задоволства,  нејзе и се доволни 10 минути.

Назад кон статистиката

Ако погледнеме во статистиката, бројките покажуваат дека само 19 проценти од двојките имаат хиперактивен сексуален живот и се интимни барем трипати неделно.

35 проценти од двојките имаат секс еднаш-двапати неделно.

25 проценти од двојките се чувствуваат одлично и се сакаат еден со друг, а имаат секс два-три пати месечно.

21 процент од испитаниците имаат секс помалку од еднаш месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top