На 62-годишна возраст, холивудскиот актер Мики Рурк ќе ја обнови боксерската кариера и ќе се сретне во рингот во Москва со професионален американски боксер, соопштува „Франс прес“.
Натпреварот е предвиден за крајот на овој месец.
– Боксот зазема важно место во мојот живот – споделил Рурк. Овој спорт ме научи на почит и на решителност, на трпение и концентрација. Секогаш сум сонувал за двобој во Русија. Актерот ќе се сретне со 29-годишниот боксер Елиот Сејмур на 28 ноември.
Мики Рурк често ја посетува Русија. Во месец август за време на посета во стоковна куќа „ГУМ“ во Москва, тој си купил маица со ликот на рускиот претседател Владимир Путин. Тој ја облекол пред погледите на стотина фанови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.