| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички гази и без тренер, Кожув превисок за шампионот

Работнички ја прегази Струмица со 96-54 на гости во заостанатиот натпревар од петтото коло во домашното првенство, а најтрофејниот кошаркарски клуб кај нас покажа дека може да победува и без тренер.

Суспендирани се Марин Докузовски и неговиот помошник Марјан Србиновски, но и тоа не беше пречка за триумф од 42 поени во Струмица.

Rabotnicki kozuv kosarka 05 (Custom)

Кризата во редовите на шампионото МЗТ Скопје само се продлабочува, а овојпат Кожув беше превисок за скопјани. Со 73-64 домаќините славеа во дербито што се одигра во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top