Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија.
Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Поповски. Предвидени се и средба на делегации од ГШ на АРМ и Воениот комитет на ЕУ.
Покрај унапредување на натамошната соработка со Воениот комитет на ЕУ, пред делегацијата на ЕУ ќе биде презентирана трансформацијата на АРМ и учеството во мисиите предводени од НАТО и од ЕУ, соопшти македонското Министерство за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.