Колин Фарел упатил сериозна молба до сите свои сонародници, да ги поддржат правата на хомосексуалците во неговата земја. Чудната порака е сосема логична, бидејќи братот на актерот е хомосексуалец и дури има и сопруг.
– Брат ми не избрал сам да биде хомосексуалец. Но, секогаш се гордеел со тоа каков е. Се гордее и се брани кога други го напаѓаат со тупаници и му се потсмеваат во лице. Тој успеа да ги преживее достојно суровоста и провокациите на околината – изјави Фарел.
И додека Колин го нарекува Даблин свој дом, за брат му тоа не е баш топол и пријателски град. Било потребно тој и неговиот партнер Стивен да заминат во Канада за да можат легално да се омажи.
– За мене ова е многу лично. Фактот дека мојот сопствен брат мораше да ја напушти Ирска за да го оствари својот сон и да се омажи, е целосна лудост. Време е да ја вратиме правдата. Гласајте следната година за гласот да ви биде слушнат – додал Колин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



