Скоро 1 милијарда луѓе во светот немаат пристап до тоалети, а тоа е потенцијален извор на ширење на болести, за што сведочи епидемијата од Ебола, се вели во годишниот извештај на Светската здравствена организација.
Во Нигерија, имаше апели да се прекине со олеснувањето на отворено, поради стравувањата дека вирусот може да се шири преку телесни течности.
Во Либерија, земјата најмногу погодената од епидемијата, речиси половина од населението кое брои 4,2 милиони луѓе, не користи тоалети.
Во Сиера Леоне, другото огниште на епидемијата, ова се однесува за 28 проценти од населението.
Решениот пристап до квалитетна вода за пиење и санитарно-хигиенски средства во светот, доведе до намалување на смртноста од дијареа кај децата од 1,5 милиони смртни случаи во 1990 година, на 600 илјади во 2012 година .
825 милиони од споменатите 1 милијарда луѓе живеат во 10 земји, од кои пет се наоѓаат во Азија.
Денес ОН го одбележува Светскиот ден на тоалетот. Денот се слави од 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.