| четврток, 6 декември 2018 |

Наоми Вотс и Ума Турман како модели (фото)

Две прекрасни актерки, Наоми Вотс и Ума Турман, повторно покажаа дека во Холивуд возраста е релативен термин.

46 годишната Наоми ја претставува новата колекција на американскиот дизајнер „Tommy Hilfiger“, појавувајќи се на последната корица на списание „Harper’s Bazaar“, Германија. Русокосата ја покажува линијата пролет-лето 2015, снимена од фотографот Макс Фараго .

443c1ce01098ff531fe4d1e73ada5094

0703c17d560e7800a0ff5ccd6fd81488

2635292560c45f24e23641bbd4053655

Од друга страна нејзината колешка Ума Турман, го дислоцира моделот Амбер Валета како лице на шведската модна марка „Marc O`Polo“ . Ума ја претставува есенско-зимската женска колекција на марката, а машката линија повторно е претставена од холивудскиот ветеран Џеф Бриџис.

03db7ba6d3163f61eba3b667fe97b88d

Сесијата со 44 годишната витка ѕвезда од „Гатака“, „Евтини приказни“ и „Убиј го Бил“ е снимена од врвниот фотограф Марио Соренто. Колекцијата е во неутрални, земјана палета на бои.

6bed307aa96666adb1cb37d7ef6dd603

268222f6889bb4d5234d86b382f7ae08

 

Патем Ума има шведски корени од страна на мајка си Нена фон Шлебурге, која е половина швеѓанка и е поранешен модел.Таткото на актерката е американскиот професор Роберт Турман, кој е првиот Американец кој стана будистички монах во Тибет. Марката „Marc O’Polo“ е основана во Стокхолм пред 47 години, но денес нејзиното седиште е во Германија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top