| четврток, 6 декември 2018 |

Вуди Ален и Фатиџ Акин вечерва на „Синедејс“

magic-in-the-moonlight-woody-allen-emma-stone-colin-firth

Филмот „Рез“ на Фатих Акин ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во киното „Милениум“ во Скопје како дел од програмата „Гала“ на фестивалот „Синедејс“. Филмот ја доживеа својата премиера на фестивалот во Венеција.

Во терминот од 22.30 часот ќе биде прикажан „Магија под месечинската светлина“ на Вуди Ален. Турскиот „Песната на мајка ми“ по сценарио и режија на Ерол Минташ ќе биде на програмата во 19 часот во „Фросина“. Филмот годинава ја освои наградата „Срце на Сараево“ за најдобри актер и филм.

Во 21 часот ќе следува „Лос Анџелес“ на Дамијан Џон Харпер, чија премиера се случи на фестивалот во Берлин, а од 23 часот следува „Kоцкарот“ на Игнас Јонинас. Во Џебното кино од 20 часот ќе биде прикажан филм за џезот, а во Kинотеката продолжува ревијата на бразилски филмови, каде што ќе биде прикажан „Госпоѓа Флор и нејзините двајца сопрузи“ во режија на Бруно Барето. 

Од придружната програма на фестивалот, а во чест на браќата Манаки, денеска ќе почне работилницата за филмска камера наменета за студенти во својата последна година на филмските академии од: Бугарија, Романија, Албанија, Kосово, Србија, Боцна и Херцеговина и Црна Гора. Работилницата ја поддржува фондот „Еуримаж“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top