| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен Правилникот за придонеси на хонорарците

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги објави деталите според кои ќе се врши плаќањето на придонесите за хонорарците, односно приемот и плаќање на социјалните придонеси на лица кои склучиле договор на дело и (или) авторски договор или друг договор за извршување физичка и интелектуална работа. Од 1 јануари идната година, според измените на одредбите од Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, на приходот остварен од извршување физичка и (или) интелектуална работа врз основа на договор за дело, авторски договор и друг договор кој во нето-износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, се пресметуваат и плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување и придонес за задолжително здравствено осигурување.

 Видови договори за кои се применуваат законските одредби од ЗПЗСО:

                Договор за дело, авторски договор, друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичкото лице остварува приход кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

 2. Договори кои не се опфатени согласно законските одредби од ЗПЗСО:

  • Примања на професионални спортисти (премии, трансфери),
  • Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции (избрани и именувани лица),
  • Надоместок по основ на стипендии,
  • Договори за  јавна работа кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа,
  • Договор за закуп,
  • Волонтерство согласно закон,
  • Надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници,
  • Надоместок за врвни спортисти,
  • Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидско осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување

Останатите детали прочитајте ги тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top