Земјите кои воведоа санкции против Русија, си дадоа автогол, рекол претседателот на земјата, Владимир Путин. Господарот на Кремљ, ги коментирал наметнатите од Европската унија, САД и неколку други држави ограничувања на трговијата со најголемата по територија земја во светот, поради кризата во Украина, пред активисти кои го поддржуваат го движење „Народен фронт“.
– Всушност, ние искористивме многу повеќе од некоректно однесување на некои наши партнери, кои имаа силни позиции на нашите пазари. Сметам дека овие држави си дадоа автогол во сопствениот гол, категоричен бил тој.
– Русија може да најде други увозници, додал шефот на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.