Босна и Херцеговина ниту наредната година нема да учествува на „Евровизија“, која ќе се одржи во Виена, Австрија.
По тој повод од босанската национална телевизија испратија соопштение во кое се наведува дека, со оглед на тешката финансиска ситуација во која се наоѓа националниот сервис на БиХ и драстичниот пад на наплатата на радиодифузната такса, единствен начин Босна да учествува на 60. јубилејно издание на „Евровизија“ е да се пронајдат потребните средства од страна на спонзорите.
БХРТ, за жал, не успеала да ги собере потребните средства во рокот кој го имаше на располагање.
„Ја известуваме јавноста дека Радио-телевизија Босна и Херцеговина, како полноправна членка на Европската унија на јавни емитери, нема да има свој претставник на 60. Евросонг кој ќе се одржува во Виена од 19 до 23 мај 2015 година“, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делегација на Советот на министри на БиХ утре во посета на Македонија
-
Колку колачи изеле мама и тато – Одговорот на овој ученик од Босна го насмеа Балканот (фото)
-
Во Босна и Херцеговина ќе патуваме само со лична карта
-
Русите одлучија да го искористат своето влијание на Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ (галерија)