Генералният секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја обвини Русија дека продолжува да ја дестабилизира Украина, трупајќи воени сили како внатре во Украина, така и од руската страна на границата и ја повика Москва да ги повлече своите војници, пренесуваат Ројтерс и Франс прес.
Станува збор за сериозна воена моќ, истакна тој, повикувајќи се на информации од НАТО и од други извори. Шефот на НАТО говорел пред новинарите во Брисел, пред средбата со министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ.
Столтенберг ја повикал Русија не само да ги повлече војниците од Источна Украина, но и да ги почитува договорите од Минск.
– Русија има избор. Таа може да биде дел од едно решение, договорено по мирен пат или може да продолжи по патот на изолацијата, истакнал Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.