На британскиот актер Даниел Деј Луис официјално му беше доделена титула витез на британското кралство на церемонијата која беше одржана во Бакингемската палата.
Освојувачот на три награди „Оскар“ за најдобар актер титулата ја добил поради „придонес во драмата“ и отсега ќе може да му се обраќаат со сер.
На свеченоста 57-годишниот актер го одликувал внукот на кралицата Елизабета Втора, принцот Вилијам.
Даниел Деј Луис е син на британскиот поет Сесил Деј Луис. Израснал во Лондон, а денес живее во Ирска, со режисерката Реберка Милер, ќерка на драматургот Артур Милер и нивните две деца.
Наградата „Оскар“ за најдобар машка улога ја доби во 2013 година за филмот „Линколн“, во 1990 за „Моето лево стапало“ и „Ќе има крв“ во 2008 година.
Тој ги толкуваше главните улоги и во филмовите „Соба со поглед“, „Во името на таткото“, „Последниот Мохиканец“, „Бандите на Њујорк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.