Тимот стручњаци на Обединетите нации за терористичката организација Ал Каеда препорача воведување нови мерки против џихадистите, кои ќе овозможат одземање цистерни со нафта, кои ги напуштаат териториите на Сирија и на Ирак, што се под контрола на групацијата Исламска држава или на Фронтот Ал Нусра.
Во документот, кој синоќа е испратен до Советот за безбедност на ОН, стручњаците, исто така, препорачаа СБ да воведе глобален мораториум на извозот на антиквитети од Сирија и од Ирак, како и да побара од сите земји да не издаваат дозвола за слетување и за ленување авиони, кои доаѓаат или се движат низ териториите, што ги контролираат двете групации.
Осумчлениот тим меѓутоа предупреди дека тие мерки, иако можат да играат важна улога во спречување на активностите на припадиците на двете групации, не се доволни за да ја отстранат заканата што тие ја претставуваат за Блискиот Исток и за целиот свет.
Стручниот тим ги повика владите во поголема мера да разменуваат информации за џихадистите и сите земји да воведат мерки за забрана на продажба на оружје, регрутирање и за финансирање на терористичките организаиции.
Извештајот на тимот е објавен како одговор на барањето на СБ од 15 август за процена на заканата, која ја претставува ИД, чиишто борци зазедоа големи подрачја од Сирија и од Ирак, како и сирискиот разгранок на Ал Каеда, Фронтот Ал Нусра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема смисла децата да знаат математика, а да не знаат за џихадот
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие
-
ЕУ и ОН реагираа на одлуката на Трамп за повлекување на САД од Париската спогодба за климата
-
Трамп твитна по резолуцијата за Израел „По 20 јануари работите ќе се поинакви“