
Концерт со македонска современа музика ќе се изведе утре во Лондон, од “Кројцер квартет” и од камерниот хор “Њу Лондон”.
На програмата се дела од композиторите Панде Шахов, Евдокија Данајлоска, Сони Петровски, Томислав Зографски, Дарија Андовска, Мирослав Спасов, Валентина Велковска – Трајановска и Михајло Трендафиловски.
Композициите на Шахов, Данајлоска, Велковска – Трајановска и на Трендафиловски ќе имаат праизведби. Делата на Андовска и на Спасов за првпат ќе бидат изведени во Велика Британија.
Диригент е Клемент Пауер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


