| четврток, 6 декември 2018 |

„Ролинг стоунс“ заработи 23,6 милиони долари во првата недела од турнејата

57347_stounsi

Музичарите од „Ролинг стоунс“ заработиле 23,6 милиони долари во првата недела од презакажаната турнеја во Австралија.

Групата требаше да ги обиколи Австралија и Нов Зеланд порано оваа година, но турнејата е одложена поради смртта на пријателката на сер Мик Џегер, Лорен Скот во март.

Музичарите тргнаа на турнеја минатиот месец за да ги одржат презакажаните концерти и најновите податоци објавени од „Билборд“ покажуваат дека враќањето на групата е многу успешно.

roling-stouns

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top