| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот ајвар и вино најатрактивни во Брисел

Македонскиот ајвар и вино беа најатрактивен продукт, а македонскиот штанд најпосетен на денешниот НАТО-базар во Брисел, што се одржа во седиштето на најголемата воено-политичка организација на светот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, новиот македонски амбасадор во Алијансата, Зоран Дабиќ, со македонските дипломати при Мисијата на Република Македонија во НАТО, организираа најпривлечен штанд и на добротворниот пазар во седиштето на Алијансата, покрај оние на земјите-сојузници и земјите-партнари на НАТО, беа вистинска атракција со
што на најдобар начин ја испромовираа македонската држава, земја-кандидат за членство во оваа организација.

– Македонскиот ајвар и македонското црвено вино се најубавите во светот и ова е ретка можност овде во Белгија да можеме да купиме од овие производи, коментираа присутните над 5.000 лица на пазарот чиј приход, сите земји што имаа свои штандови ќе го донираат за добротворни цели.

Со цел поддршка и промоција на македонската храна, пијалоци но и воопшто македонските вредности, амбасадорот на Македонија при НАТО, Дабиќ, на овој настан ги повика и останатите македонски амбасадори во Брисел, Андреј Лепавцов (македонска Мисија при ЕУ) и Лазар Еленовски (амбасада на Македонија при Кралство Белгија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top