| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Убиен тинејџер за да се зачува семејната чест

Тинејџер бил киднапиран, мачен и жив закопан од семејството на неговата девојка, соопшти денеска турската полиција.

Според таткото на девојката, убиството на 16-годишното момче од градот Денизли било за да се заштити семејната чест, бидејќи момчето не сакало да ја ожени девојката и покрај тоа што со неа имал сексуални односи.

Момчето исчезна минатата недела, а вчера му беше пронајдено телото, на кое имало 65 рани. Полицијата тврди дека момчето било живо закопано, при што се задушил.

Таткото на девојката изрази жалење за настанот. Тој и братот на девојката се притворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top