Џони Деп, кој требал да му ја додели наградата на американскиот продуцент Шеп Гордон во категоријата „Најдобар документарен филм“, излегол на сцената под дејство на алкохол, се тетуравел по сцената и тешко ги изговорал зборовите.
Најнапред тој го критикувал микрофонот, опишувајќи го како најголемиот и најужасниот кој некогаш го користел. Потоа едвај нашол сили да каже неколку убави зборови, но сепак на крајот изјавата му завршила со непристојни зборови и вулгарности.
Дрското однесување на 51-годишниот актер наишло на огромна реакцијата на корисниците на интернет. Преовладувале мислењата дека тој се појавил на сцената во алкохолизирана состојба или дури под дејство на наркотици.
Познатиот британски новинар Пирс Морган, кој сега работи во САД, на „Твитер“ го нарекол Џони Деп „луд“.
Според познатиот холивудски актер Роб Лоу, однесувањето на неговиот колега на сцената било непрофесионално и поразително.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија