Холандските власти во неделата соопштија дека на живинарска фарма во селото Хекендорп во централниот дел од земјата откриле високопатоген сој на птичјиот грип и вовеле привремена забрана за транспорт на живина во земјата, известија од тамошното министерство за економија. Забраната ќе биде на сила следните 30 дена и важи за 16 фарми во радиус од 10 километри околу економскиот имот во Хекендорп.
Соопштението се наведува дека новооткриениот сој на птичјиот грип е смртоносен за пилињата, но дека со него може да се заразат и луѓето. Министерството соопшти дека на фармата на Хекендорп е бидат уништени 150 илјади пилиња.
На почетокот од ноември во Германија беше откриен високопатоген вирус на птичјиот грип H5N8, а претходно во септември во Русија беше објавено за први случај на уште еден опасен вид од H5N1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.